Сообраќајот на патот Велес - Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајката се случи денеска попладне околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево. Се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Повредени се 20 работници.
Сите биле прегледани во Општа болница Велес. Кај осуммина биле утврдени полесни телесни повреди и тие се хоспитализирани во болницата. Останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување.