По повод 61-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, денеска делегации од локалната самоуправа, од Сојузот на борците, од Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001/2002 година, делегации на политички партии и граѓани положија цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп.
Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а починал на 24 јули 1957 година.
Во својата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната 1942 година е интерниран во логорот „Чучулигово“ во близина на Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 август 1944 година, тој е избран за претседател на ова највисоко државно тело.