„На крајот на денот сите си одиме дома... Мене ме учеа дека домот е таму каде што ти е срцето, мислите, семејството, другарите, раатот... Тоа е дом.
Ама како да ни се отсипува радоста, друштвото, раатот...
Едни заминаа, други се спремаат, трети се со план...
Од дом, станавме постојка...
Има ли крај ова наше проклетие да се распрснеме по светот, како прашина, барајќи дом...?
Ова ли е успехот на нашата генерација?
Ова е успехот на преродбата и животот за сите?
Ова ли беше сонот на нашите мајки и татковци, баби и дедовци?
Ова ли е примерот кој треба да го следат новите генерации?
Да си ги оставиме мајките во солзи?
Да одиме во непознат свет, каде цел живот ќе бидеме тугинци?
Да си ги растуриме семејствата и другарствата?
Да живееме од спомени, а да остареме со сонови, секогаш натурени и во недостаток од сон на нашиот кревет и нашата перница? Ако ова е успехот, ПУ Ј'ЗК!
Денес мој близок другар на кратко дојден во родното место, си замина... Следно видување во следна можност... А тогаш, тогаш нема да сме истите... Малку постари, со несподелени проблеми и убави работи, промени, подеми и падови.... Секој со свој багаж...
Пред да замине ни рече фала другари за одвоеното време и убавите моменти!
Еј!!! Чита некој????!!!
Другар ми тука роден, рече фала за одвоеното време и убавите моменти во броените денови од тукашниот престој! Од краткиот престој во родното место!
Така се поздрави и замина!
И!
Сега што да речам?
Да ви пцујам на сите кои не осакативте како генерација, да ве пцијам заради разделбата со другарите, да ве пцујам за солзите на нивните мајки или да ве пцујам за солзите на мојата мајка кога ќе заминам и јас од тука?!!!!
Абе да ви е проклет секој цент што го украдовте, да ви се смета во солзи и крв десет колена назад.
Секој цент како камен на вратот да ви седи, да ве гуши како што се гушат во солзи мајките чии деца му заминаа по светот.
А тебе другар среќен пат, мирно небо, чувај се. Сакај си ја фамилијата, не ги заборавај другарите, прајќај по некоја слика од лудориите да сме во тек, а ние нема да те заборавиме, ќе праќаме и ние по нешто од нашите лудории, да си во тек. Да не сонуваме, туку да споделуваме, да не ни мине векот во желба за следна средба, туку во реални средби и убави спомени.
Фала ти за се!
Се надевам се гледаме за брзо!
Посветено на сите мои блиски кои од "убајни" се отселија од Македонија!“
Виа Фејсбук