На 26.07.2018 година во 06,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје В.Ц.(34) пријавила дека на 25.07.2018 година околу 22 часот на улицата „Маџари“ поточно во угостителски објект била физички нападната од страна на нејзиниот татко Л.Ц.(68) и нејзиниот брат И.Ц.(39).

Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл.11 и чл. 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 16:01