Жител на Неготино заработи кривична пријава поради даночно затајување, со што го оштетил буџетот за 1.176.110 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Д.К.(30), кој во период од четири години наплатувал за посредување при вработување во западноевропски земји, но при тоа не и плаќал данок на државата.

Во текот на 2014, 2015, 2016 и 2017 година, пријавениот преку Фејсбук и Пазар 3 нудел услуги за посредување при вработување во западноевропските земји, при тоа од заинтересираните лица, за надомест и провизија и судски превод наплатувал од 20.000 до 50.000 денари, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 12.008.038 денари, кои не ги навел во годишната даночна пријава.

На овој начин пријавениот му нанел штета на Буџетот на РМ, од 1.176.110 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 14:54