Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(49) од Кичево поради „несовесно работење во службата“, со кое на ПСШ „Лопушник“ - Кичево при ЈП „Македонски шуми“ - Скопје, каде работела му причинила материјална штета од 233.288 денари.
Како што информира денеска МВР, на 5 септември 2017 година во РЕ „Расадник Крушино“, вработени во ЈП „Македонски шуми“ - Скопје, при попис констатирале дека во периодот од март 2015 година до пописот, период во кој пријавената, како референт во ПСШ „Лопушник“ – Кичево при ЈП „Македонски шуми“ - Скопје, била одговорна за готови производи, имало 43.476 садници помалку од предвиденото.
Со ова А.П. на ЈП „Македонски шуми“ - Скопје му причинила материјална штета од 233.288 денари.