Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран е подготвен да разговара со САД сани аји Вашингтон се покаже како доверлив соговорник, откако се повлече од мултилатералниот Договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции.

- Секогаш сме за дипломатија и разговори... Но за разговор е потребна искреност. САД повторно воведуваат санкции кон Иран и се повлекуваат од нуклеарниот договор, а сега сакаат да разговараат со нас, посочи Рохани во обраќањето што беше пренесувано на државната телевизија.

Рохани потенцира дека апелот на американскиот претседател Доналд Трамп за директни разговори е само за внатрешна употреба во САД, со цел да создадат хаос во Иран.

Трамп претходно потпиша указ за повторно воведување бројни санкции кон Иран, најавувајќи дека дека американската политика ќе изврши „максимален економски притисок“ врз Техеран.

Трамп во соопштението наведе дека меѓународниот договор за стопирање на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите е „страшен, едностран договор“ со кој иранската Влада зарабори пари кои ги користи за ширење конфликти на Блискиот Исток.

- Ги повикуваме сите држави да преземат чекори кои покажуваат дека иранскиот режим се соочува со избор: или да ги смени своето заканувачко, дестабилизирачко однесување и да се реинтегрира во глобалната економија или да продолжи по патот на економска изолација, посочи Трамп.

Тој предупреду дека сите тие кои нема да ги прекинат економските врски со Иран „ризикуваат тешки последици“.

Санкциите стапуваат во сила утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 01:08