Бразилски судија забрани влез на венецуелски мигранти во земјата преку граничниот премин на северната бразилска држава Рорајма.

Одлуката на судијата Елдер Жирао Барето се однесува само на Венецуелците и не ги засега другите националности, прецизираше портпаролот на локалните судски власти. Судијата ја донесе одлуката откако десетици илјади Венецуелците влегоа во Рорајма во последните неколку месеци, барајќи спас од економската и политичката криза во нивната земја. Многумина од нив се исклучително сиромашни и спијат по улиците или во хостели.

Според судијата, границата ќе остане затворена се додека властите во државата Рорајма создадат хуманитарни услови за прифаќање на мигрантите и за нивно селење во други делови на Бразил.

Вчера, границата остана отворена во очекување на жалба од страна на државниот народен правобранител.

Гувернерот на Рорајма Суели Кампоснеколкупати се спротивставуваше на присуството на мигранти, велејќи дека тие ги донеле социјалните служби на работ на колапс.

Стотици илјади Венецуелци ја напуштија својата земја и спас од сиромаштијата се обидоа да најдат во Колумбија, Бразил, Перу, Чиле и други земји во регионот, потсетува ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 10:46