Северна Кореја ослободи еден јужнокорејски државјанин, уапсен во јули поради нелегално преминување на границата, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување.

Официјален Сеул бара враќање на уште шестмина свои државјани, за кои се верува дека со години се држат некаде во Северна Кореја.

Официјален Пјонгјанг во мај ослободи тројца американски затвореници како гест на добра волја пред самитот на Ким Џонг-ун и Доналд Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 12:08