Ланецот кафулиња „Старбакс“ и кинескиот гигант на електронскиот пазар „Алибаба“ најавија заедничка соработка во испораката на кафе во Кина.
„Старбакс“ и „Алибаба“ соопштија дека испораките ќе почнат следниот месец во Пекинг и Шангај, а до крајот на годината услугите треба да се прошират во 30 градови.
На тој начин, тие станаа конкуренција на кинеската компанија „Лакин кофи“ („Luckin coffe“), која доставува кафе нарачано преку апликација на мобилен телефон.