Делови од аеродромот во Франкфурт се евакуирани и запрено е влегувањето во згради на аеродромот, јави ДПА, повикувајќи се на германската федерална полиција.
„Полициската операција е во тек на терминалот 1 на аеродромот во Франкфурт", објави полицијата на Твитер.
Весникот Билд објави дека лице кое нема дозвола да се движи во одредени делови од аеродромот поминало низ посебна зона за безбедност и засега не е пронајдено.
Аеродромот во Франкфурт е најпрометниот во Германија, со 64,5 милиони патници во 2017 година.