Организацијата за заштита на правата на израелските Арапи, Адала, до Врховниот суд на Израел поднесе барање за оценка на легалноста на новиот закон со кој Израел се дефинира како „национална држава на Евреите“.

Адала смета дека законот има „очигледни карактеристики на апартхејд“ и „не ги почитува граѓанските и националните права на Палестинците во нивната родна земја“, поради што треба да биде укинат.

Со законот, што минатиот месец го усвои Кнесетот, Израел се дефинира како „национална држава на Евреите“, а арапскиот јазик го загуби статусот на втор официјален јазик заедно со еврејскиот иврит и доби само „специјален статус“.

Противниците на законот сметаат дека со него се маргинализира арапското малцинство во Израел, додека неговите поддржувачи тврдат дека со овој законски текст се гарантира иднината на државата на еверсјкиот народ за многу наредни поколенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 15:19