Премиерот на Република Македонија Зоран Заев на својот фејсубк профил вчера објави слика која е дел од кампањата за претстојниот референдум.
На неа има хаштаг за Македонија во Нато со порака за безбедна иднина за нашите деца.
И се ќе беше во ред доколку сликата беше авторска и оригинална направена во насока на промоција на заложбите на Владата за успешен референдум, наместо превземена од интернет. Имено сликата е насловна страна на Канадската авторка Catherine L'Ecuyer на нејзината книга „Едуцирање во реалноста“ во која се збори за едукација на децата и во која преку низа образовни митови се раскажува за реалноста и светот на информатичките технологии кои децата ги користат уште од мали нозе.