Едно лице загина, а друго е рането минатата ноќ при експлозија во фабриката за производство на воена опрема „Кемринг Каунтермежрс“ во близина на британскиот град Солисбери.

Како што објави на Твитер компанијата сопственик на фабриката, „Кемринг Груп“, веднаш по експлозијата објектот бил евакуиран.

- Состојбата е по контрола. Во тек е истрага за причините за експлозијата, се наведува во објавата на „Кемринг“.

Во фабриката се прозведува оперма за заштита на воени бродови и авиони од напади.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2018 11:04