Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано изутринава во близина на североисточниот брег на најголемиот јапонски остров Хоншу.
Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.
Како што соопшти јапонската Национална метеоролошка служба, земјотресот се случил на длабочина од 20 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар во близина на брегот на префектурата Фукушима.
Покрај во реонот на Фукушима, потресот бил почуствуван и во неколку соседни префектури.