Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси синоќа за прв пат подигна трофеј како капитен на тимот во триумфот на Каталонците над Севиља во шпанскиот Супер куп.

Барселона победи со 2:1, на дуелот одигран на неутрален терен во Мароко.

За Меси ова беше 33.трофеј со Барселона со што го престигна легендарниот Андрес Иниеста на првото место на вечната листа.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 11:17