Реал Мадрид е се поуверен дека летово ќе може да потпише договор со десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, пишуваат британските медиуми.

Според информациите, кралскиот клуб му понудил на Александар-Арнолд (26) четиригодишен договор со можност за продолжување на уште една година. Фудбалерот има понуда да го обнови договорот со Ливерпул под слични услови.

Александар-Арнолд допрва треба да донесе конечна одлука за неговата иднина, но Реал Мадрид е оптимист за оваа зделка.

Актуелниот договор на дефанзивец со Ливерпул истекува на крајот од сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 23:05