Европската комесарка за правда, потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ ги повика романскиот власти да го ревидираат предлог-законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата.

Таа коментирајќи ги протестите истакна дека би било „корисно“ романската Влада да го „ревидира“ предлог-законот.

Демонстрантите во Романија, кои три дена протестираат сметаат дека судската реформа предложена од власта е „дизајнирана“ за да им служи на интересите на политичката елита, бидејќи, меѓу другото, ги декриминализира нарушувањата на законот од страна на политичарите.

Според демонстрантите предлог-законот ја загрозува независноста на судиите и ја поткопува довербата во судскиот систем.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 11:19