Турција направи доволно за да ги подобри односите со САД, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

Тој додаде дека Вашингтон дејствувал спротивно на нивниот сојуз во поглед на суштинските безбедносни прашања.

Чавушоглу обраќајќи се пред амбасадорите во Анкара потенцира дека „САД треба да научат дека нема да постигнат никакви резултати заканувајќи и се на Турција“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 13:13