Европската комисија порача дека е во постојан контакт со земјите членки на ЕУ за изнаоѓање решение за хуманитарниот брод „Аквариус“, кој е во потрага во европско пристаниште каде би ги истоварил мигрантите што во петокот ги спаси во Средозменото Море, јави допсиничката на МИА од Брисел.

- Европската комисија е во контакт со земјите членки кои не контактираа и како и во минатото подготвени сме да дадеме целосна дипломатска поддршка за брзо решавање на инцидентот, изјави портпаролка на ЕК, Тове Ернст.

„Аквариус“ спаси 141 мигрант во Медитеранот во петокот, но без претходна наредба на Италија или Малта, како што налагаат правилата.

Откако Италија ги затвори границите за мигрантите, невладините организации кои ги координираат активностите на хуманитарниот брод, одлучија дека повеќе нема да чекаат наредби и дека проактивно ќе водат спасувачки мисии во Медитеранот.

Бродот од вчера е во потрага по безбедно пристаниште и одбива да ги однесе мигрантите во Либија, која не е безбедна земја, иако спасувачката мисија била извршена со помош на либиските власти.

Мигрантите тргнале од Либија кон Италија на дрвен чамец кој потонал. Од 141 лице, 67 се малолетници без придружба, соопштија невладините СОС Медитеран и Лекари без граници, кои го координираат „Аквариус“.

Над третина мигрантите се од Еритреја, а останатите се од Сомалија.

Претставници на „Аквариус“ од властите во Ла Валета и Рим побарале дозвола за впловување во некое нивно пристаниште, но Малта го одбила барањето, а Италија не ни одговорила.

Според невладинтие организации, пред „Аквариус“ да ги спаси лицата, пет бродови поминале покрај нив без да им пружаат помош.

Невладините организации ја повикуваат ЕУ да пружи повеќе помош за спасувањата во море и да излезе со јасен систем за прифатни центри за мигрантите.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 13:27