Невработеноста во Австрија минатиот месец се намали за осум отсто во однос на истиот месец минатата година.
Од таквиот развој најмногу профитирале младите Австријци, а намалувањето е многу помало кај странската работна сила.
Кон крајот на јули биле регистрирани 282.583 невработени лица, а ако се вбројат и оние кои се на дошколување преку Бирото за вработување, тогаш тој број изнесува 340.583.
Стапката на невработеност според националната дефиниција се намалила за 0,7 отсто, достигнувајќи 6,9 проценти.
Според Евростат, стапката на невработеност во Австрија изнесува 4,7 отсто, со што земјата е многу над просекот на ЕУ од 6,9 проценти.
Невработеноста е намалена во сите австриски покраини, а најмногу во Тирол, каде падот изнесува дури 17,5 отсто.
Кај мажите невработеноста е намалена за 9,9 отсто, а кај жените за шест отсто.
И понатаму е голема невработеноста меѓу странците, кои сочинуваат една третина од сите невработени лица во Австрија.