Откако пред неколку денови беше бојадисано мало маче со жолта боја во Прилеп, кое подоцна беше врзано и оставено во близина на ромските гробишта, и пронајдено од страна на средношколка која го згрижила мачето, сега на социјалните мрежи се појави бојадисано куче со црвена боја.
Револтирани граѓани од Прилеп споделија фотографии од кучето, но и од човекот во кој се сомневаат дека ги бојадисува животните со боја.