Реал Мадрид официјално го претстави Маријано Дијаз како ново засилување во клубот.

Дијаз претходно настапуваше во Реал, па беше продаден на Олимпик од Лион, а по само една сезона во францускиот клуб се враќа во Мадрид за сума од 20 милиони евра.

Впечатливо за неговото враќање во Реал е дека тој ја има честа да го носи бројот седум, кој му припаѓаше на Кристијано Роналдо.

Дијаз минатата сезона за францускиот клуб постигна 21 гол и со настапите го привлече вниманието на повеќе големи клубови.

Реал пред враќањето на Дијаз од класични напаѓачи го имаше само Карим Бензема.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 19:48