Францускиот фудбалски првак ПСЖ пред крајот на преодниот рок во клубот ги донесе фудбалерите Ерик Чупо-Мотинг и Хуан Бернат.

- Тие пристигнаа во Париз. Откако ќе ги поминат лекарските прегледи, ќе потпишат договори со клубот, потврди тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.

Камерунскиот фудбалер Чупо-Мотинг во ПСЖ дојде од Стоук, а шпанскиот фудбалер Бернат во Париз пристигна од Баерн Минхен.

Од францускиот клуб одбија да соопштат детали за трансферите и договорите на фудбалерите.

ПСЖ ова лето не беше активен во потрага по нови засилувања и од Јувентус го доведе само легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 20:33