Дебитантот во Лигата на шампионите, Црвена ѕвезда направи три големи трансфери на крајот од преодниот рок. Во Белград доаѓаат Ричмонд Боачи, Марко Марин и Горан Чаушиќ.

Боачи се враќа во старата средина само по шест месеци поминати во кинескиот Џангсу, Чаушиќ доаѓа од руски Арсенал, додека Марин доаѓа од Олимпијакос.

Тој го раскина договорот со грчкиот клуб и како слободен играч потпиша тригодишен договор со Црвена ѕвезда. Трансферот на Чаушиќ изнесува еден милион евра за три години, а на Боачи 1,5 милиони евра за две и пол години.

На овој начин белграѓани значајно се засилија пред почетокот на Лигата на шампионите и дуелот со Наполи на 18 септември на домашен терен. Во групата Ц уште се и Пари Сен Жермен и Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 11:53