Камион кој превезувал 265 празни единици под притисок и со носивост од 90 литри метан, денеска попладне се запали на влезот во Македонска Каменица.

Во несреќата изгорел кабинскиот дел на камион марка Волво со бугарски регистарски таблички.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица поради брзата реакција на камемничките пожарникари избегната е поголема катастрофа.

- Брзата и присебна реакција на ТППЕ од Македонска Каменица спречи катастрофа од поголеми размери, успевајќи во последен момент да спречат ширење на огнот кон товарниот дел од камионот. Наши екипите на ТППЕ се уште се на терен и ќе останат на лице место за да не дојде од било каква компликација на ситуацијата, велат од ТППЕ од Македонска Каменица.

Од полицијата го истражуваат случајот од каде допрва ќе следуваат информации за настанатата штета како и за утврдување на последиците и причините за настанувањето на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 20:51