Напаѓачот на Реал Марадо, Маријано Дијаз изјави дека не е загрижен од многубројните реакции дека не требало да го избере бројот „7“ кој до минатата сезона му припаѓаше на Кристијано Роналдо.
-Се разбира, ова е значаен број. Беше слободен и јас го сакав. За мене е личен предизвик. Мило ми е што го добив. Многумина ми рекоа дека не треба да ја земам седумката. Но, јас не слушав никого. Сакам да работам напорно и на теренот да покажам добри партии. Ова ме мотивира уште повеќе, изјави Дијаз
Во минатото дресот со број 7 го носеа легендите на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо и Раул Гонзалес.
Дијаз во Реал се враќа по една година помината во Олимпик Лион.