Властите во Сан Франциско донесоа одлука за отстранување на статуа од 19. век, која се смета дека е расистичка и навредлива за домородните Американци.
Се работи за статуата „Првите денови", која прикажува старседелец газен под нозете на шпански сточар и католички мисионер.
Домородните Американци веќе со децении се борат статуата да биде отстранета.