Германската полиција денеска соопшти дека уапсила еден 17-годишен исламист, кој е осомничен дека планирал терористички напад во градот Франкфурт.

Апсењето било извршено на 1 септември, откако полицијата проценила дека тој подготвува напад од сериозни размери.

Уапсениот поседувал инструкции за изработка на експлозивни направи и се обидувал преку интернет да ги порача потребните хемикалии. Помали количества од хемикалиите биле најдени во неговиот дом.

Засега не е јасно во која фаза биле подготовките за нападот, односно дали поседувал доволно од хемиските средства за да произведе бомба.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 18:59