Автомобилистичката федерација на Македонија соопшти дека авто-трката во организација на АКК Автоклиника која беше предвидена за 15 и 16 септември во Скопје нема да се одржи на овој термин.

Од АФМ известија дека новиот термин за трката дополнително ќе биде одреден.

Во организација пак, на АКК Примо авј на 6 и 7 октомври во Скопје ќе се одржи авто-трка на патеката пред МТВ која ќе се бодува за Шампионатот на Македонија на кружни патеки и CEZ.

Повеќе информации за оваа трка организаторот ќе соопшти на прес-конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 19:19