Германецот Илкај Гундоган била последната трансфер цел на големиот шкотски менаџер сер Алекс Фергусон на чело на Манчестер Јунајтед пред тој да се повлече од тренерската работа во 2013 година. Ова го тврди поранешниот тренер на „Олд Трафорд“ Рене Муленстин. Фергусон ја заврши својата кариера на крајот на сезоната 2012/2013 по 27 години на чело на Манчестер Јунајтед, 13 титули во Премиер лигата и две во Лигата на Шампионите. Муленстин беше тренер во штабот на Фергусон. Тој вели дека Гундоган, кој тогаш беше во Борусија Дормунд, бил посакуван силно од Шкотланѓанецот како заменик на Пол Сколс. Во 2016 година халфот се пресели во Манчестер Сити кај Пеп Гвардиола. Од тогаш Германецот ја освои еднаш титулата во Премиер лигата на Англија и еднаш го крена трофејот од Лига Купот во 44-те натпревари за „граѓаните“. - Ферги се потпираше многу на стабилноста во средниот ред. Ако не го правеше тоа, едвај Јунајтед ќе можеше да се избори за титулата некогаш. Своевремено ги следевме напорно Илкај Гундоган и Марко Ројс од Дортмунд. Го следев Илкај, бидејќи беше многу сличен на Сколс - мислеше брзо, ја пушташе топката напред, го правеше тоа со добро темпо, вели Муленстин. Откако Фергусон и Сколс се повлекоа, Јунајтед заврши на седмо место со Дејвид Мојс. По завршувањето на ерата на Сер Алекс, „црвените ѓаволи“ така и не наоѓаат пат кон титулата во шампионатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 20:53