Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има желба да го земе халфот Адриен Рабио од ПСЖ и да го привлече на „Етихад“, информира „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Договорот на Рабио со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а халфот одбива во оваа фаза да го обнови договорот.
Гвардиола веќе имал прва средба со 23-годишниот фудбалер во Париз, кој се одржа минатата недела.
Менаџерот на „граѓаните“, исто така, се сретнал и со мајката на играчот, која е и негов менаџер.
Пеп лично се ангажирал со задачата да го убеди Рабио да го претпочита неговиот, пред останатите предлози.
Самиот Рабио одбива да потпише нов договор со ПСЖ и може да премине на слободен трансфер во друг клуб следното лето.
Барселона и Јувентус покажуваат многу сериозен интерес за францускиот фудбалер.