Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала призна дека сезоната не започнала добро за него.

Аргентинецот играше само во првиот натпревар во Серија „А“ против Киево (3:2), но потоа остана на клупата во следните две средби со Лацио и Парма, откако влезе само во последните 10 минути против повратниците во Серија „А“.

- Признавам дека сезоната не започна добро како минатата, ниту дури како онаа во 2016 година. Едно е сигурно - со нетрпение чекам да се вратам во Торино и да работам напорно за да си го вратам првотимскиот статус. Мојата желба е да играм. Пристигнав денес и се надевам дека бидам подготвен за натпреварот во неделата. Потоа доаѓа и дуелот со Валенсија во Лигата на Шампионите, а овој турнир многу ме мотивира, изјави Дибала.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 17:30