Од францускиот клуб Ница презедоа ригорозни мерки кон Марио Балотели, откако напаѓачот беше изваден од групата на тимот за натпреварот со Рен поради прекумерна тежина.

Стрелецот изгледаше страшно при ремито помеѓу неговата татковина Италија и Полска, а доста специјалисти се запрашаа како може да игра за „азурите“ кога има сериозни проблеми со килограмите и дури не помина подготовки.

Некои експерти се на мислење дека Супер Марио е тежок близу 100 килограми, што е огромен проблем за еден напаѓач.

Се очекува во наредните денови тој да биде подложен на специјален режим во клупскиот тим, за да успее да ги надмине проблемите со тежината.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 17:31