Северна и Јужна Кореја најавија отворање на канцеларија за врски меѓу двете држави, сместена во градот Кесон, како и посета на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин на Северна Кореја.

- Денес вртиме нова страница во историјата. Оваа канцеларија за врски е симбол на мирот, изјави јужнокорејскиот министер за обединување Чо Мун-кон.

Се очекува следен чекор во нормализацијата на односите меѓу двете Кореи да биде отворање и на амбасади во двата главни града, Сеул и Пјонгјанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 17:33