Ѕвездата од ТВ серијата „Сексот и градот“, Синтија Никсон ја изгуби трката за кандидат за градоначалник на Њујорк. Таа на вчерашните внатрешно-партиски избори ја изгуби трката против актуелниот гувернер Ендрју Куомо во борбата за номинација од Демократската партија.

Куомо досега потрошил над 18 милиони долари за кампањата, јавуваат западните медиуми.

Еден од највпечатливите мигови од нејзината кампањата, се чини, беше фамозниот и „скандалозен“ оброк - земичка со лосос, цимет, крем-сирење и суво грозје, што одврати многумина кои можеби би гласале за неа.

Генералните избори за градоначалник на Њујорк ќе се случат на 6 ноември, а противник на Куомо ќе му биде републиканецот Марк Молинаро.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 18:22