Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека играчот од средниот ред Кевин Де Бруин не е за продажба. Белгиецот во моментов се опоравува од повредата која ја заработи за време на тренинг во средината на август. - Кевин е многу добар, динамичен играч. Тој прави се сам. Де Бруин е неверојатно момче. Клаузулата во неговиот договор е 250 милиони евра, па извинете, тој не се продава, изјави Гвардиола. Минатата сезона, 27-годишниот Де Бруин учествуваше во 37 натпревари, во кои запиша 7 гола и 17 асистенции. Со Сити стана шампион на Англија, а на Светското со Белгија се избори за бронзениот медал.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 18:30