Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло исто така зеде став во однос на гласините за евентуално враќање на Пол Погба во Јувентус. Поранешниот италијански репрезентативец сподели дека ако дојде до таков исход, тој нема да биде изненаден. Погба играше заедно со плејмејкерот во периодот 2012-2015 година, а двајцата заедно освоија три шампионски титули во Серија „А“, пред Французинот да се врати во Манчестер Јунајтед за сума од 105 милиони евра. Досега тој е најскапа аквизиција во клупската историја на „црвените ѓаволи“. - Јувентус е одличен клуб со историја. Уште од самиот почеток, сфатив дека одборот на директори е во процес на амбициозен проект. Тие само што изградија нов стадион за да се вратат на победничкиот пат во Италија и во Европа. Ако го доживеете тоа одвнатре, како што ми се случи на мене во првите четири години, би останале воодушевени од патот по кој тимот тргна и постигнатите успеси, изјави легендата за „Тутоспорт“. Тој потоа се осврна на играта на петкратниот освојувач на „Златната топка“ во Јувентус, Кристијано Роналдо и евентуалното враќање на Погба на „Алијанц“ стадионот. - Не можам да кажам дали Кристијано сака да игра како единствен напаѓач. Тој сака да оди лево, па му треба некој до него. Манџукиќ е идеален за таа позиција. Враќањето на Погба? Тоа не би ме изненадило, бидејќи, како што реков претходно, Јувентус гледа само на најдобрите. Ако некој играч го напушти клубот, тоа не значи дека не може да се врати, додаде Пирло.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 18:42