Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека неговиот тим се нашол во тешка група во Лигата на шампионите.

Парижаните ќе играат со Црвена Ѕвезда, Ливерпул и Наполи.

Тој сепак, ќе биде среќен ако се сретне во финалето на турнирот со Кристијано Роналдо и Јувентус.

- Имаме тешка група, но тоа е нормално за Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е главниот турнир во Европа. Натпреварот против Наполи ќе биде тежок. Тимот на Анчелоти покажува добар фудбал со јасна филозофија и висок пресинг. Имам еден непријатен спомен поврзан со него - во 2016 година со Монако загубивме 0:5 во пријателски натпревар, анализира младиот Французин.

На прашањето за евентуално финале меѓу неговиот тим и Јувентус, светскиот шампион со Франција вели: „Ќе се радувам. Кристијано Роналдо е голем предизвик. Тој ќе го изведе италијанскиот фудбал повторно во преден план. Во последните години Серија „А“ загуби малку престиж. Со Роналдо, луѓето повторно се заинтересирани неа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2018 18:44