Претседателот на Милан Паоло Скарони призна дека освојувањето на Скудетото не претставува до толку приоритет за клубот, колку неговото враќање во Лигата на шампионите.
„Росонерите“ се најуспешниот италијански клуб во Европа со седум трофеи од ЛШ, како и две Купа на УЕФА (претходникот на Лига Европа) и 5 Суперкупови на УЕФА. Екипата сепак не играла во Лигата на шампионите од 2014 година наваму, кога беше елиминирана од Атлетико Мадрид во четвртфиналето.
- Што научив за моите 2 месеци на чело на Милан? Дека ни претстои да совладаме две планини: едната е да изградиме профитабилен тим, а другата - да ги доведеме во ред финансиите на клубот. Тие се искачуваат паралелно, бидејќи едното зависи од другото. Спортската страна е најважна. Сметам дека во оваа насока правиме гигантски чекори, откако ги вративме дома Паоло Малдини и Леонардо. Тие се компетентни и квалитативни луѓе, а над се, тие се миланисти, прокоментира Скарони за „Кориере дела сера“.
Тој додаде дека нивното присуство донеле доверба во клубот и тоа се докажало со повеќето продадени сезонски билети.
- Сепак, вистината се гледа на теренот. Нашиот тим изгледа млад и силен и се надеваме дека резултатите ќе дојдат. Сега балансот ни е солиден и ги задоволува барањата на УЕФА. Третиот голем проблем останува - ние треба да го зголемиме приходот, смета шефот на гигантот од Апенините.
Скарони додава дека целта сезонава е пласман во Лигата на шампионите, бидејќи таму е местото на Милан.
- Јас сум приврзаник на идејата дека во зависност од начинот на кој фудбалот еволуира, „Скудетото“ стана помалку важно. Би било подобро Милан да игра во Лигата на шампионите и да игра добро таму, изјави Скарони и додаде дека „Елиот Менаџмент“ ќе биде на чело на тимот од 3 до 5 години.