Светскиот шампион во Франција и фудбалер на Челзи, Н'Голо Канте призна дека ова лето од францускиот првак Пари Сен Жермен се поврзале со него за разговори за евентуален трансфер.

- Немаше потреба да одам на друго место по Светското првенство. Имаше интерес од други тимови, но откако разговарав со Челзи, работите беа јасни. Клубот се потпира на мене, и се чувствувам добро тука. Следниот логичен чекор беше да продолжиме со Челзи. Имаше контакти од ПСЖ. Но, по разговорот со Челзи, сфатив дека најважно е да се чувствувам добро каде и да сум, а тоа е Челзи. Добро е за мене да останам тука, изјави Канте за „РМЦ Спорт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2018 14:32