Британската полиција трага по двјца мажи кои се осомничен дека при грабеж на една куќа во Лондон, заедно со пари, платежни картичи и накит, украле и урна со попел на покојник.

Полицискиот детектив Роберт Костигна изјави дека станува збор за „особено мачно злосторство“, што многу ја потресло 83-годишната сопственичка на куќата, на која крадците и ја украле пепелта на нејзиниот покоен сопруг што се наоѓала во урна во форма на срце.

Еден од крадците претставувајќи се како водоинсталтер ја убедил сопственичката да го пушти во нејизниот дом и додека тој и го одвелкувал вниманието, неговиот партнер „оперирал“ низ куќата.

Откако „водоиснталатерот“ заминал, жената утврдила дека е ограбена.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 13:08