Се стравува дека најмалку 40 лица, повеќето рудари во еден рудник за злато, се затрупани во свлечиштата не северниот ден на Филипини, соопшти филипинската полиција, наведувајќи дека досега се извлечени седум тела.

Планински одрон затрупал село во близина на градот Итогон во провинцијата Бенкет, како последица од тајфунот Мангкут, што донесе силни ветрови и обилни врнежи.

Досега најмалку 29 лица настрадаа на Филипините поради тајфунот, што предизвика големи свлечишта на планинските подрачја.

Советникот на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, Френсис Толенто информира дека вкупно 20 од жртвите загинале во регионот Кордилера на најголемиот филипински остров Лузон, а уште четири во соседната провниција Нуева Вискаја. Едно лице загина во провинцијата Илокос Сур, при пад на дрво, а во меѓувреме пристигнаа податоци за уште четири жртви.

Извршниот директор на Националниот совет за управување со кризи, Рикардо Џалад вчера соопшти дека само во Кордилера се пријавени над 40 случаи на лизгање на земјиштето.

- Спасувачките екипи постојано пријавуваат нови штети предизвикани од тајфунот, посочи Џалад.

Поплави се регистриран и во делови на Манила, а поради тајфунот над 100.000 се сметени во прифатни центри.

Моќниот тајфун Мангхут денеска ги погоди реоните на југосточноот крајбрежје на Кина, вклучлително и автономните региони Хонг Конг и Макао.

Пред доаѓањето на тајфунот, кинеските власти спроведоа евакуација на десетици илјади лица од седум градови од региони, откажани се голем број летови, а редуциран е и јавниот транспорт. Поради Мангхут затворени се и казината во Макао.

Кинеските медиуми јавија дека нивото на морето во погодените подрачја пораснало дури до 3,5 метри, а големите бранови ги поплавиле крајбрежните реони и исфрлиле големо количество риба на брегот.

Полавни се и неколку станбени реони и еден трговски центар во источниот дел на Хонг Конг, каде најмалку 111 лица побарале медицинска помош поради полесни повреди.

Во време на пристигнувањето на кинеското крајбрежје, ветерот во жариштето на Мунгхут дувал со брзина од 200 километри на час.

Во моментот кога Мангхут во петокот ги погоди Филипините, во неговото жариште дуваа ветрови со брзина и до 305 километри на час. Подоцна движејќи се над Филипините кон јужна Кина и Виетнам, брзината на ветровите во неговото жариште опадна на околу 170 километри на час, со повремени налети до 260 километри на час.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 14:49