Единицата на француската полиција за уништување на бомби изврши претрес на сомнителниот автомобил паркиран на Елисејските полиња и утврди дека не претставува опасност за безбедноста.

Како што јави МИА, француската полиција денеска го затвори делот на Елисејските полиња во близина на Трумфалната капија и ги пренасочуваше минувачите поради сомнителното возило што беше паркирано во тој дел.

При истрагата беа користени кучиња-трагачи и роботи.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 15:18