Рома не успеа да го совлада Киево во Рим во првиот меч попладнево во Серија „А“.

Домаќините почнаа добро, но по паузата дозволија два и гола и од 2:0, натпреварот заврши 2:2.

Резултатот го отвори Стефан Ел Шаарави во 10 минута. Во 30-тата минута, Брајан Кристанте удвои по добар пас на Џеко.

Во 52-та минута, Валтер Бирса намали со одличен удар. За 83-тата минута, Мариуш Степински ги шокираше домаќините по одличен пробив за конечни 2:2.

Така Еузебио ди Франческо продолжува со своите лоши резултати од почетокот на сезоната. „Волци“ имаат само една победа досега.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 15:37