Јувентус планира да го понуди на Манчестер Јунајтед Паоло Дибала и така да си го врати Пол Погба во јануари или најдоцна во следното лето, тврди „Мирор“. Самиот Французин е подготвен да игра повторно на „Јувентус“ стадионот и дефинитивно се гледа дека недостасува играч со неговата класа во средната линија на тимот, додека Дибала, за кого се шпекулира дека сака да го напушти тимот, ќе биде искористен како адут. Аргентинецот како целина не е задоволен од фактот дека мора да ја „грее клупата“ и е подготвен да си замине од тимот. Се уште нема јасност, дали двата тима ќе направат чиста размена ако од Јунајтед пројават интерес, или тимот од Торино ќе треба да доплати. Вчера, Мурињо изјави дека Погба никогаш не кажал дека сака да го напушти Јунајтед, но извори блиски до играчот велат дека тој би можел да се врати во Торино.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 16:08