Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се довери пред англиските медиуми дека откако ќе се откаже од својата професионална кариера, планира да стане тренер.

Руни продолжува да се претставува на солидно ниво, откако реализираше трансфер од „карамелите“ во американската МЛС лига и игра за Ди Си Јунајтед. Договорот на 32-годишниот стрелец со американскиот тим е до 2022-та година.

Топ-стрелецот за Манчестер Јунајтед и Англија веќе сепак гледа кон иднината, каде се гледа како тренер и потврди дека ќе ги следи стапките на Стивен Џерард и Френк Лампард. Стиви Џи стана тренер шкотски Ренџерс, додека Лампард е на чело на Дерби Каунти.

- Фудбалот е сè што знам. Тоа сум го правел во текот на целиот живот и планирам да го правам тоа откако ќе ја завршам кариерата. Мислам дека ќе биде срамно, ако играчи како мене со таква кариера се оддалечат од спортот. Моите пријатели Стиви и Френк ги направија првите чекори како тренери и јас сум сигурен дека за две до три години ќе има клубови од Премиер лигата, кои ќе се борат за нивниот потпис, се довери Руни.

Англискиот напаѓач запиша 13 средби за тимот од Вашингтон, откако запиша четири гола и асистираше за уште шест погодоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2018 23:27