Ураганот Флоренс што ги погоди американските држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија, досега однесе 17 животи.Потенцијалната штета е во распон од десет до 60 милијарди долари.

Факти за ураганите:

1 - Ураган е форма на тропска бура што се создава над топли океански води во источниот дел од Тихиот Океан, Карипското Море, јужниот дел од Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Залив. Кога ветровите на тропска бура се под 60 км/час, се нарекува тропски циклон, и кога ветровите достигнуваат меѓу 60-117 км/ч, се класифицираат како тропска бура. Кога ветровите надминуваат 117 км/ч, се класифицираат како ураган. Научниците не се сигурни што ги предизвикува ураганите, но двете неопходни „состојки“ се ветар и топла вода на океанот.

2 - Скалата за урагани „Сафир-Симсон" ја дефинира силата на урагани по категории. - Бура од категоријата 1 е најслаб ураган со брзина на ветерот помеѓу 117-150 км/ч; - Категоријата 2 има брзина помеѓу 150-177 км /ч; - Категоријата 3 има брзина помеѓу 177-207 км/ч; - Категоријата 4 има брзина помеѓу 207-250 км/ч; - Категоријата 5 има брзина поголема или еднаква на 250 км/ч

3 - Во 1953 година, САД почнаа да ги користат женски имиња за бури. Тоа е променето во 1978 година, а потоа и машки и женски имиња беа искористени за идентификување бури во северниот Пацифик. Имињата за атлантските бури се избрани од страна на Светската метеоролошка организација од листата на 21 имиња кои се на шестгодишна ротација. Ако бурата е толку смртоносна или предизвика големи штети што идната употреба на неговото име на друга бура би било несоодветно, името се „пензионира“ (околу 86 имиња се пензионирани досега).

4 - Ураганите предизвикуваат штета на четири главни начини: ветер, поплави предизвикани од поројни врнежи од дожд, торнадо и бура.

5 - Ураганите имаат значително влијание врз економијата. Не само што ја уништуваат личната сопственост, тие можат да влијаат врз производството на стоки и услуги со оштетување на машините, нарушување на локалната понуда на работна сила и нарушување на националните синџири на снабдување.

Се проценува дека двата главни урагани во 2017-ураганите Харви и Ирма - секој од нив предизвикале уништување имот вреден помеѓу 42,5 и 65 милијарди долари, што изнесува околу 0,2-0,3 проценти од БДП. Од сите урагани во САД, Катрина (2005) предизвика најмногу економска штета. Ураганот Харви (2017) е втор, ураганот Марија (2017) е рангиран на третото, ураганот Сенди (2012) е рангиран на четвртото место, а ураганот Ирма (2017) е петти. Ураганот Марија предизвика најмногу економска штета на Порторико и Девствените Острови.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 16:18