Седум полицајци биле повредени денеска во украинскиот главен град Киев, при судири меѓу полицијата и припадници на националистичка група, кои протестирале против екстрадицијата во Русија на Тимур Тумгоев (31), осомничен член на групата Исламската држава.

Тумгоев се борел против проруските сепаратисти во источна Украина, поради што ги добил симпатиите на украинската јавност. Тој потекнува од руската област Ингушетија и е во личен конфликт со Рамзан Кадиров, претседателот на соседна Чеченија, чии борци ја поддржуваат проруската страна во конфликтот. Поради тоа Тумгоев се приклучил на проукраинските сили, како дел од ингушка единица.

Русија побара негова екстрадиција поради исламистичките врски и тој беше уапсен и екстрадиран пред неколку дена, откако пристигна од Турција во Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 17:13