Египетски археолози пронајдоа скулптура на сфинга при истражувања во храмот Ком Омбо во градот Асуан.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека склуптурата на митското суштество со човечка глава и тело на лав е направена од камен.

Скулптурата е широка 28 сантиметри, а висока 38 сантиметри. Таа најверојатно потекнува од периодот на династијата на Птоломеидите, кои владееле со Египет од 305 година пред новата ера до 30 година пред новата ера.

Неодамна во овој храм беа пронајдени и два рељефи на фараонот Птоломеј Петти.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2018 17:47